Get Adobe Flash player

CE – ознака

     CE ознаката е задолжителна за секој производ што се става на заедничкиот Европски пазар. Ова означување е задолжително и за секој производ кој се наоѓа на пазарот во Република Македонија.

     Означувањето на производите е дефинирано во Eвропската директива за CE означување 93/68/EEC.

     Со ставањето на ознаката CE на производот, производителот, генералниот застапник или увозникот гарантира дека производот ги исполнува сите основни барања на Директивата за низок напон (Low voltage directive 73/23/EEC & 93/68/EEC) и процедурите за сообразност кој се дефинирани во истата.

     CE ознаката дава сигурност за производот и истиот е во сообразност со основните барања за безбедност на производот, истиот не е штетен по здравјето на луѓето т.е. Производот е безбеден за употреба од купувачот.