Get Adobe Flash player

RoHS – декларација

     rohs-logo1Директивата за ограничување на употребата на одредени опасни супстанции во електрична и електронска опрема (Directive on the restriction of the use of certain hazardous substances in electrical and electronic equipment) 2002/95/EC често назначена како Ограничување на опасни супстанци (Restriction of Hazardous Substances Directive -RoHS) стапува на сила во ЕУ на 1 Јули 2006 година. Оваа директива ја ограничува употребата на шест опасни супстанции во различни типови на електрична и електронска опрема вклучувајќи ги и изолираните жици и кабли.

     Супстанции чија употреба е ограничена

1. Олово (Pb)
2. Жива (Hg)
3. Кадмиум (Cd)
4. Хексавалентен хром (Cr6+)
5. Полиброминат бифенил (PBB)
6. Полиброминат дифенил етер (PBDE)

     PBB и PBDE најчесто се употребуваат како материјали за спречување на ширење на оган во пластичните маси.

     Максимално дозволени концентрации на супстанциите се прикажани во следната табела: 

Материјал

Гранична вредност %

  Олово во ПВЦ маса за изолација на жици и плаштирање на кабли 0.1% (1000 PPM)
  Олово (исклучок е олово во смеси за лемење) 0.1% (1000 PPM)
  Жива 0.1% (1000 PPM)
  Кадмиум 0.01% (100 PPM)
  Хексавалентен Хром 0.1% (1000 PPM)
  Полиброминат бифенил (PBB) 0.1% (1000 PPM)
  Полиброминат дифенил етер (PBDE) 0.1% (1000 PPM)
  Декабромодифенил етер(Deca-BDE) 0.1% (1000 PPM)

     Алевадо Кабел соработува исклучиво со добавувачи кои ги задолуваат овие технички карактеристики. Во таа насока можеме слободно да назначиме дека нашите производите ја задоволуваат RoHS директивата.