Get Adobe Flash player

За нас

     Компанијата е Алевадо е основана во 1992 година. Во почетокот работи со трговија на железарска стока и бела техника, за во 1998 година се применува вo Друштво за производство, трговија и угостителство Алевадо Трејд увоз-извоз Доо. Со долгогодишното искуство во трговија Врвното раководство го согледува недостатокот на изолирани жици и кабли од домашно производство и се одлучува за изградба на фабрика за изолирани жици и кабли.

    За поголема препознатливост на пазарот во 2008 година компанијата се преименува во Алевадо Кабел Доо. Денеска можеме слободно да кажеме дека задоволуваме солиден процент од пазарот во Република Македонија, но се стремиме да го зголемиме и нашето присуство во Косово, Србија, Хрватска и Словенија.