Get Adobe Flash player

Историја

   Компанијата е основана во 1992 година, со главна дејност изработка на разни метални производи и услуги. Од 1994 се ориентира целосно кон трговија на големо и на мало со железарска стока. Оваа дејност ја задржува до 1998 година кога се одлучува за отпочнување со производство на шајки за градежништво. На почетокот бидејќи фирмата нема сопствен погон работи во изнајмени простории, за да во 2001 година производството го продолжи во сопствен производен простор. Од 2002 година Алевадо Доо продолжува да инвестира постојано во проширување на сопствените производствени капацитети како во градежниот дел така и во машини и опрема за да кон крајот на 2008 година го заокружи процесот на производство на шајки, светловлечена и жарена жица во 2500 м2 покриен простор.

   Алевадо Доо постојано од година во година го зголемува годишното производство на жичани производи од 180 тони во 1998, за да во 2011 година преработи вкупно 5000 тони. Со зголемување на капацитетот и обемот на производство постојано се јавува и потреба од квалификувана работна сила и во производство и во администрација. На почетокот производството се реализираше со само тројца вработени, додека во 2011 таа бројка се искачи на вкупно 75 вработени.

Пласманот на производите компанијата го реализира на домашен пазар приближно 30% додека за извоз е 70%. На домашен пазар компанијата е застапена скоро во секое населено место од државата, а испораката на производите се реализира со сопствен превоз. Главно извозот се одвива во Косово, Албанија , Србија, Босна, Словенија, Хрватска.

klincara-za-istorija