Get Adobe Flash player

За нас

АЛЕВАДО ДОО ги бележи своите почетоци во 1992 година, најпрвин преку трговски дејности, со неколку вработени, скромен просторен капацитет. Главна дејност на тогашното мало претпријатие, набргу се променува од трговска во главно производна дејност.

Денес АЛЕВАДО ДОО располага со просторен капацитет од 2500 м2, целосна опремена за производство на жичани производи и транспорт на истите до потрошувачите. Производната програма главно опфаќа, производство на клинци, палена жица, светло влечена жица, мрежа – универзално плетиво и дрвена граѓа.

Алевадо произведува кабли во согласност со меѓународните стандарди како ИСО 9001.

Имено своите производи АЛЕВАДО ДОО ги пласира не само во Македонија туку и на пазарите на Србија, Косово, Албанија, Словенија и Грција.

Позицијата која АЛЕВАДО ДОО ја стекна на пазарот е резултат на постојани вложувања во развој, добра организација и врвен менаџмент, а од друга страна сето тоа резултира со голем број на референции и многу задоволни купувачи.