АЛЕВАДО ДОО, Велес, c. Сојаклари, се занимава со производство на шајки за градежништво со димензии од 1.4*20 до 7.5*350, жарена жица од ф 1.2 до ф 4.0 и биговани табли.

Во склоп на производствениот погон се наоѓа и складиште за градежни материјали.

  • Историски, АЛЕВАДО е основана во 1992 година како трговско претпријатие со неколку вработени
  • Со производство започува во 1999 година, но не во сопстевн погон, туку во објект под закуп.
  • Конечно, во 2002 година производството се преместува на денешната локација, c.Сојаклари  во сопствена хала од 360м2.
  • Во 2012 година АЛЕВАДО започнува со работа согласно стандард ИСО 9001.
  • Со континуирана посветеност и ангажираност на менаџментот и вработените Алевадо денес, АЛЕВАДО се простира на 4500 м2  производствени објеки, 4000м2 трговско складиште во самиот склоп на фабриката и 65 вработени.
  • Во 2019 година АЛЕВАДО прераснува во енергетски ефикасно претпријатие, со монтажа на соларни панели за производство на електрична енергија за целокупното производство.

Денес, главна определба на АЛЕВАДО е одржување на квалитетот низ целиот производен процес, задоволување и надминување на потребите на купувачите, обезбедување и одржување на безбедни работни процеси за нашите вработени.

Најзначаен извор и коректор на нашето работење, биле и остануваат, забелешките, сугестиите, желбите насоките и препораките на нашите  купувачи.