АЛЕВАДО ДОО, Велес, c. Сојаклари, се занимава со производство на шајки за градежништвосо димензии од 1.4*20 до 7.5*350, жарена жица од ф 1.2 до ф 4.0 и биговани табли.
Во склоп на производствениот погон се наоѓа и складиште за градежни материјали.
Историски, АЛЕВАДО е основана во 1992 година како трговско претпријатие со неколку вработени
Со производство започува во 1999 година, но не во сопстевн погон, туку во објект под закуп.
Конечно, во 2002 година производството се преместува на денешната локација, c.Сојаклари во сопствена хала од 360м2.
Во 2012 година АЛЕВАДО започнува со работа согласно стандард ИСО 9001.
Со континуирана посветеност и ангажираност на менаџментот и вработените Алевадо денес, АЛЕВАДО се простира на 4500 м2 производствени објеки, 4000м2 трговско складиште во самиот склоп на фабриката и 65 вработени.
Во 2019 година АЛЕВАДО прераснува во енергетски ефикасно претпријатие, со монтажа на соларни панели за производство на електрична енергија за целокупното производство.
Денес, главна определба на АЛЕВАДО е одржување на квалитетот низ целиот производен процес, задоволување и надминување на потребите на купувачите, обезбедување и одржување на безбедни работни процеси за нашите вработени.
Најзначаен извор и коректор на нашето работење, биле и остануваат, забелешките, сугестиите, желбите насоките и препораките на нашите купувачи.